Добивка од 12,8 милиони денари за Раде Кончар апаратна техника

46

Компанијата Раде Кончар апаратна техника, во период јануари – јуни оваа година, евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 12.886,000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од 2019 година, добивката на компанијата изнесуваше 9.047.000 денари.

“Во извештајниот период од 01.01.2020 до 30.06.2020 година, остварен е вкупен приход од 16.138.088 денари. Во структурата на приходите во овој период влегува учеството на приходите од исплатените дивиденди остварени од добивката во 2019 година од друштвата во коишто Акционерското друштво има свои вложувања, приходи од извршени услуги и наемнини од издавање на деловен простор. Остварениот позитивен резултат укажува на тоа дека друштвото и оваа година се стреми кон остварување на солидни приходи и добар финансиски резултат“, стои во Образложението на полугодишните финансиски извештаи.

Фото: Freepik