Добивка од 153 милиони евра за Охридска банка

75

SONY DSCОхридска банка минатата 2013-та година ја заокружи со нето добивка од 153.496.000 денари, покажуваат финансиските извештаи на банката објавени на Интернет страницата на Македонска берза.

Во овој пресметковен период, банката оствари нето приходи од камати во висина од 802.652.000 денари, додека истата ставка во 2012-та година била на ниво од 730.594.000 денари.

„Охридска банка постигна нови остварувања во согласност со поставените стратешки цели, забележа пораст на бизнисот и ја одржа активната поддршка на клиентите наспроти отежнатата пазарна средина. Притоа постигна континуиран долгорочен позитивен тренд со зголемување на кредитите за 8,3%, на средствата за 4%, а беше остварен и подобрен коефициент на трошоци на 65,7%“, стои во соопштението на банката.

Банката, како што информираат, постигала поволно ниво на нето чинење на ризикот, со позитивен ефект врз нивот на резерваат, како и подобри резултати во наплатата.

Порастот на профитабилноста е значаен не само за банката, туку и за целокупниот банкарски систем во земјава.

Охридска банка е трансформирана во акционерско друштво на 29-ти декември 1989-та година. Банката своите активности во Македонија ги извршува преку мрежа на две филијали и 29 експозитури и продажни места. Оваа банка е контролирана од страна на Societe Generale SA, со седиште во Франција, која што поседува 70,02% од капиталот на банката.