Добивка од 585,6 милиони денари за цементарница Усје

191

Цементарница Усје, во периодот јануари – јуни годинава, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 585.644.000 денари, покажуваат податоците од консолидираниот шестмесечен биланс на успех.

Во првите шест месеци од минатата година, добивката на компанијата беше на ниво од 551.960.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, изнесуваа 2.005.392.000 денари. Од тој износ, 1.442.802.000 денари се остварени на домашен пазар, додека остатокот од 562.590.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Од приходите од продажба на домашен пазар, најголем дел отпаѓа на продажба на цемент, во износ од 1.219.654.000 денари. Ист е случајот и со приходите од продажба на странски пазар, каде најголем процент отпаѓа на приходи од цемент во висина од 401.373.000 денари.