Добри работи што може да ги научите од лошиот шеф

37

prsti

Фото: Pixabay

“Она што не нè убива не прави посилни“. Најчесто ќе прочитате дека најдоброто нешто што може да го научите од лошите шефови е како да не управувате со вработените. Но, покрај тоа постојат и други работи што може да ги научите лошиот шеф, а не можете од добриот.

Секогаш да ја извршувате беспрекорно работата

Кога работите за лош шеф секогаш треба да ја завршите работата беспрекорно. Простор за грешка нема. Учите да ги проверувате работите четири, пет, шест и седум пати. Ако згрешите знаете дека ќе се соочите со непријатна ситуација.

Учите да бидете креативни

Не барате помош од шефот во извршувањето на задачата. Учите да ја завршите. Ќе научите да бидете иновативни и да ги искористите истражувачките способности за извори на информации.

Учите како да се заштитите и справите со токсични луѓе

Знаете дека нема кој да ви го штити грбот научите сами да се заштитите. Исто така, ќе научите да се справите со токсични личнисти.

Ќе научите да “читате“ луѓе и ситуации

Ќе научите да ги препознавате расположенијата на вашиот шеф – доброто, лошото и грдото и соодветно да го прилагодите вашето однесување. Оваа способност за читање ситуации се претвора во предност на долг рок бидејќи ќе ви служи во вашата кариера да можете да читате ситуации и луѓе и да знаете како да работите со нив.

Ги подобрувате комуникациските вештини

Лошите менаџери ве присилуваат да бидете јасни, концизни и подготвени да преговараат. Тие често немаат трпение и затоа треба кратко и јасно да ја претставите вашата идеја.

Градите добри односи со колегите

Ќе ја дознаете вредноста од градењето на добри односи со колегите. Со нив може да ги делите добрите и лошите искуства од работната средина.