Добри вести од еврозоната: Економската активност највисока во последните девет месеци

20

Економската активност во еврозоната зајакна во февруари и достигна највисока вредност во последните девет месеци, покажува истражувањето на аналитичката компанија S&P Global. Индексот на менаџери за набавка (PMI) се зголеми од 50,8 поени во јануари на 52,3 поени, пренесува SEEbiz.

Опсегот на економијата на еврозоната зајакнува кога вредноста на индексот ќе надмине 50 поени.

Според наодите од истражувањето, падот на инфлацијата и отворањето на кинеската економија по строгите ограничувања поради Ковид-19 имаа стимулирачки ефект врз економската активност.

Како што оцени главниот економист на S&P Global Крис Вилијамсон, постигнатата февруарска вредност на индексот PMI е во согласност со растот од нешто под 0,3 отсто во првиот квартал од оваа година.

„Доцнењата на испораката поврзани со пандемијата што ги погодија производствените капацитети во изминатите две години беа компензирани со побрзо време на испорака. Тоа значи дека моќта за одредување цени се пренесува од добавувачите на раководителите на секторите за набавки во погоните, со што се намалува инфлацијата на индустриските цени“, оцени Вилијамсон.

Тој предупреди и дека комбинацијата од побрз од очекуваниот раст и сè уште висок, иако паѓа, инфлацијата ќе влијае на продолжување на зголемувањето на каматните стапки од страна на Европската централна банка (ЕЦБ). Тој од јули минатата година веќе пет пати ги зголеми каматите и посочи дека на тој потег ќе се одлучи во март, а веројатно и во следните месеци.

Во петокот, гувернерот на француската централна банка, Франсоа Вилерој де Гало, ги опиша напорите на ЕЦБ да ја намали инфлацијата на вредност од два отсто како „трка на далечина“.