Добриот менаџер ја решава кризата пред да се прошири

22

domino

Фото: Pixabay

Многу од проблемите со кои се соочуваат компаниите се последица на некакви надворешни причини, како финансиска криза или елементарна непогода, па врз нив раководството не може да има некакво значајно влијание. Од друга страна, лошите деловни одлуки, непостоење на стратегија и лоша проценка на барањата на корисниците се работи на кои раководството може да влијае. Токму во овој сегмент се издвојува добриот менаџер, односно оној кој знае да избегне деловна криза.

Губење време

Менаџерите често губат премногу време реагирајќи на разни непотребни работи и ситуации, а не обрнуваат доволно внимание на малите проблеми кои можат да прераснат во големи проблеми во иднина. Меѓутоа, само обрнувањето на внимание на малите проблеми не е доволно. Менаџерите треба да бидат свесни дека е важно да се развие мрежа на вработени кои нема да се стегаат и ќе ги предупредат на одредени проблеми. Исто така, треба да знаат кои проблеми треба да ги следат, а кои да ги игнорираат.

Проблемот станува уште поголем ако раководството се обидува да го реши самостојно. Како што истакнуваат Кејтлин Сатклиф и Марлис Кристијансон, авторки на истражување што го разработува однесувањето на водството на фирмите кои се најдобри во предвидување и поправање на катастрофи, една група ќе го најде решението на одреден проблем за двојно помалку време отколку што тоа би го направил поединец.

Преувеличување на проблемот

“Компаниите често се големи и неорганизирани, а и секој поединец има свое видување на проблемот. Во организациите во кои комуникацијата е лоша, поголеми се шансите да избие криза затоа што луѓето често ги преувеличуваат информациите што не ги разбираат”, стои во истражувањето, пренесува Бизнис инсајдер.

Авторките заклучуваат дека проблемите растат во изолација, а не можат да се решат само со мноштво информации. Брзото воочување на проблемот бара градење на континуирана комуникација и интеракција внатре во компанијата, истакнуваат тие.