Додека други гиганти отпуштаат, тие најавуваат дури 10.000 нови работни места

140

„Боинг“ најави дека ќе вработи 10.000 работници во 2023 година, откако го зголеми производството на авиони по пандемијата „Ковид-19“, објави американскиот производител.

Компанијата со седиште во Арлингтон, Вирџинија ја зголеми својата работна сила за околу 14.000 работници во 2022 година, на 156.000. Само во САД, Боинг вработува околу 136.000 работници.

Исто така, рече дека „ќе го намали бројот на вработени во некои функции за поддршка“ за подобро усогласување на ресурсите за поддршка на тековните производи и развојот на технологијата. Сепак, не сакаа да кажат колку работни места ќе укинат во текот на 2023 година.

Голем дел од новите вработувања ќе се одвиваат во деловните единици на Боинг, како и во инженерството и производството, за да се задоволи растечката побарувачка на авиокомпаниите.

Инаку, интересно е што оваа вест доаѓа во време кога другите гиганти – додуша, од другите индустрии – масовно отпуштаат.