
Цените на нафтата паднаа утрово. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се лизна за 0,46 проценти, на 77,55 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,27 проценти, на 73,65 долари.
Доларот на највисоки нивоа во една година
На валутните пазари, од друга страна, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми и достигна највисоко ниво во една година, бидејќи до крајот на годината се очекува зголемување на каматната стапка на ФЕД.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, зајакна утрово за 0,06 проценти, на 101,07 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 0,04 проценти, на 161,60 јени, највисоко ниво во две години.
Затоа јапонските власти се закануваат дека ќе интервенираат на пазарот во случај на понатамошен пад на курсот на јенот.
Американската валута исто така зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна за 0,07 проценти, на 1,1445 долари.











