Во рамките на своите активности, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии –МАСИТ и оваа година ги организираше МАСИТ ИKТ Наградите за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија.
МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance), првонаградените решенија ги номинира на Global ICT Excellence Awards, избор на награди којшто се одржува на секои две години на светско ниво.
Оваа година, МАСИТ ИKТ Наградите опфатија 10 решенија во следниве категории: решение во јавен сектор, решение во приватен сектор, решение за дигитални можности, решение за одржлив раст и извонредни мобилни решенија.
Компанијата BRANSYS го претстави своето решение Claxi во категоријата Извонредни мобилни решенија и го освои првото место.
Македонски Телеком ги претстави своите решенија за интероперабилност, системи имплементирани во возилата на ЈСП Скопје, MaxTV Go, MobiPay и консолидација на WAN и IP телефонија во Стопанска Банка АД Битола; ASPEKT го презентираа нивниот CRM софтвер; 4 Виртус ни го претстави Fueloyal; додека Горд системи го презентираа нивното решение за јавни набавки. Семос Едукација го презентираше својот проект за обучување на напредни ИТ вештини за невработени лица.
Првопласираните пет решенија (Claxi на Брансис, Fueloyal на 4Виртус, Системи имплементирани во возилата на ЈСП Скопје на Македонски Телеком, Решение за јавни набавки на Горд системи и Решение за интероперабилност на Македонски Телеком) ќе бидат номинирани на овогодишните WITSA – Global ICT Excellence Awards, кои ќе се одржат на четврти октомври во Бразилија, Бразил.