Договор за стратешко партнерство на регулаторните тела за ревизија на Македонија и Грција

15

Врз основа на договорот од Преспа со кој Република Грција доброволно се обврза да помага на институциите на Р.С.Македонија во делот на евроинтеграциите Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија (СУНР) и Хеленскиот одбор за надзор на сметководствените и ревизорски стандарди денеска во Атина ќе потпишат договор за стратешко партнерство.

Како што се наведува во соопштението од СУНР, стратешкатата соработка помеѓу двете реулаторни тела ќе овозможи развој на внатрешните капацитети на Советот за унапредување и надзор на ревизијата и целосно усогласување на неговите законски надлежности и уредбата за ревизија на правните лица од јавен интерес со европските директиви.

“Хеленскиот одбор се става на целосно располагање за да се воспостави ефикасен и ефективен систем на јавен надзор над ревизорската професија во Северна Македонија во согласност со европската пракса. Со тоа ќе се зајакне јавната доверба и ќе се постигне поголема економска активност и интерес на македонските компании. Хеленскиот одбор се обврзува да го менторира патот на Советот кон интегрирање во Комитетот на европските ревизорски надзорни тела (CEAOB), со што на Советот ќе му се овозможи пристап до европски искуства и практитки кои се од значење за регулирањето на ревизорската професија во РСМ. Сите активности ќе бидат финансирани од ЕУ преку обезбеден фонд од средствата од ТВИНИГ програмата за институционален развој на земјите кандидати за членки во ЕУ. На овој начин ќе се овозможи ревизорите од Р.С.Македонија да се интергрираат во единствениот пазар на ревизорските услуги од ЕУ и признавање на издадените лиценци за работа на носителите на ревизорските активнисте во Р.С.Македонија, нагласи претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата“, Ване Цветанов.

Според Цветанов, Хеленскиот одбор за надзор на сметководствените и ревизорските стандарди, како ментор ќе помогне за целосна хармонизација на законот за ревизија со највисоките стандарди на Меѓународниот форум на независни ревизорски регулатори (IFIAR). Истовремено ќе помогне и во градењето на институционалните капацитети, дигитално и кадровско зајакнување на СУНР преку заеднички учества и апликации во Европските фондови, се посочува во соопштението.

Под менторство, лобирање и помош на грчкото ревизорско регулаторно тело, Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Р.С.Македонија ќе го започне процесот на апликација за полноправно членство во IFIAR, кој се очекува да заврши, како што се наведува, за рекордни 12 месеци.