Договорено ослободување на бродот што го блокираше Суецкиот канал

144

Сопствениците и осигурителите на контејнерскиот брод Ever Given којшто го блокираше Суецкиот канал во март, во неделата изјавија дека е постигнат договор за отштета и на бродот ќе му биде дозволено да исплови на седми јули.

Сепак, тие не дадоа повеќе детали за договорот што ќе биде потпишан во среда. Осомничениот виновник за блокадата, 400-метарскиот брод Ever Given којшто пренесува контејнери меѓу Азија и Европа, е “во притвор“ од март, според одлуката на египетските власти се чуваше закотвен на езеро среде Суецкиот канал.

Шестдневната блокада на каналот ја наруши глобалната испорака на стоки. Стотици бродови застанаа додека не се деблокира каналот, а некои бродови беа принудени да патуваат на многу подолго растојание низ цела Африка, што ги принуди да плаќаат дополнително за гориво и да направат други трошоци.

Фото: Facebook