
Германската државна железничка компанија Дојче Бан соопшти дека нарачала 73 нови супербрзи возови ICE, во вредност од две милијарди евра.
Нарачката вклучува 56 возови од типот ICE L кои ќе ги испорача шпанскиот производител „Талго“, а првично ќе сообраќаат на линијата меѓу Берлин и Амстердам, со максимална брзина од 230 километри на час.
Дојче бан го претстави ICE L на „Талго“ на јавноста во септември минатата година, кога нарача 23 возови со датум на испорака до октомври 2024 година.
Новонарачаните 56 возови треба да бидат пуштени во употреба во 2026 година, информира Дојче бан, додавајќи дека сите возови ICE L треба да бидат испорачани до 2030 година.
Благодарение на најновата нарачка, просечната старост на флотата на супербрзи возови треба да се намали од сегашните 18 на 12 години до 2030 година.