Дојче Телеком ќе го продава Scout24?

49

scout24Компанијата Дојче Телеком почна разговори со купувачи и советници за продажба на најголемиот германски интернет портал за продажба на возила и недвижнини, Scout24, чија вредност би можела да достигне 1,5 милијарди евра. Телекомот го стави овој дел од бизнисот под ревизија и се уште нема донесено конечна одлука за иднината на порталот, пишува Фајненшал тајмс.

ImobilienScout24 е најголем германски портал за трговија со недвижнини, со преку седум милиони посетители, додека AutoScout24 е европски портал за автомобили, активен во 18 земји, а во Германија има 13 милиони корисници.

Упатени извори за ФТ изјавиле дека постојат и други опции за овој сегмент од работењето на Телекомот, вклучувајќи директна продажба, поделба на делови или спојување со сличен бизнис.

Меѓу компаниите што покажале интерес за Scout24 е и германската медиумска групација Алекс Спрингер, а се очекува дека ќе се заинтересираат и Auto Trader и Ebay, кои веќе имаат развиени платформи за интернет продажба на автомобили и за малопродажба.

Од Дојче Телеком, кој е сопственик на Scout24 од 2006 година, не ја коментираат оваа информација.