Доктор Пропаст удри по криптовалутите: Тврди дека целиот пазар е корумпиран го нападна и Binance: „Полоши се од FTX“

66

Познатиот економист Нуриел Рубини, познат како Доктор Пропаст го осуди пазарот на криптовалути како „екосистем кој е целосно корумпиран“ и ги опиша некои од неговите големи играчи како измамници по големиот колапс на берзата.

Зборувајќи на финансиската недела во Абу Даби, тој го критикувал извршниот директор на Binance Чангпенг Жао, познат како „CZ“, и рекол дека неговата размена на криптовалути треба да стане предмет на внимателно испитување од регулаторите.

Има седум типови на криптовалути, вели тој: прикриени, корумпирани, крадци, криминалци, измамници, карневалски кловнови и на крај, „CZ“.

„Лекцијата од последните неколку недели е дека овие луѓе треба да заминат оттука“, додал тој.

Пазарот на криптовалути минува низ турбуленции без преседан по минатонеделниот ненадеен колапс на FTX, една од најголемите крипто берзи. Наводно има повеќе од 100.000 кредитори и обврски меѓу 10 и 50 милијарди долари. И покрај поднесувањето на барањето за банкрот, милиони долари вредни криптовалути во текот на викендот се одлеале од паричникот на FTX, што дополнително ја поткопува довербата во индустријата.

Binance на почетокот размислувал за купување на својот пропаднат ривал пред да се повлече од таа идеја. Рубини, меѓутоа, сугерира дека Binance не се разликува многу од FTX.

„Не можам да верувам дека „CZ“ и Binance имаат дозвола за работа во УАЕ. Тој е забранет во Велика Британија, под истрага во САД поради перење на пари“, рекол Рубини.