Доларот благо ослабе, цената на нафтата паѓа

88

Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на пазарите благо падна, по тридневен раст.Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 113,27 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 113,43 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 146,20 на 146,85 јени – новото највисоко ниво од 1998 година. Поради оваа причина, јапонските власти повторно, како и пред неколку недели, се заканија дека ќе интервенираат на пазарот.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава изнесува 92,34 долари, додека на американскиот пазар 87,03 долари.