Доларот благо ослабе, трговците воздржани пред состанокот на ФЕД

69

Американскиот долар продолжи да се лизга од речиси еднонеделните највисоки вредности во однос на неговите главни ривали денес, при што активноста на трговците е ограничена пред одлуката за каматната стапка на Федералните резерви (ФЕД), која треба да даде навестувања за идниот пат на монетарната политика.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на кошницата ривали, ослабе за 0,14 отсто на 111,32 поени, иако не е далеку од максималното ниво забележано на 25 октомври од 111,78 поени, пренесува Ројтерс.

Доларот порасна во текот на ноќта во азиското тргување, само за ненадејно да потоне на отворањето на европските пазари, но потоа закрепна поради проценките дека американските економски податоци укажуваат на продолжување на ценовниот притисок, што ги намали шпекулациите за пресврт на агресивните каматни стапки од страна на ФЕД.