Доларот благо ослабе

18

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,04 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,08 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 149,30 на 149,20 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0790 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0785 долари.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од минатонеделните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се намали за 0,34 отсто, на 81,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,36 отсто, на 75,55 долари.