Доларот благо зајакна

37

На валутните пазари,  вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми, со што се надокнади дел од вчерашните загуби. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 101,92 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 101,75 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 129,60 на 130,20 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0880 долари, додека вчера во ова време беше 1,0885 долари.