
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо порасна втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 102,50 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,33 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 141,95 на 142,25 јени.
Незначително зајакна и американската валута во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0915 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0935 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа по вчерашното поскапување. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,08 отсто, на 76,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,38 отсто, на 70,79 долари.











