Доларот благо зајакна, цената на нафтата падна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,19 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 106,16 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута е стабилен околу 149,85 јени, колку што беше и во петокот навечер.

Но, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна од 1,0595 на 1,0585 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа откако минатата недела пораснаа за повеќе од 1,2 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се лизна за 0,92 отсто, на 91,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,39 отсто, на 89,02 долари.