На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна, по минатонеделниот значителен пад.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,98 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,87 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 160,75 на 160,70 јени.
Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0827 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0840 долари.
Цените на нафтата паднаа, откако минатата недела пораснаа за околу 2 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,13 отсто, на 86,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,26 отсто, на 82,95 долари.