Доларот благо зајакна, цената на нафтата порасна

20

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката на валути благо порасна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,04 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,20 на 149,40 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0770 долари, додека вчера во ова време беше 1,0790 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,11 отсто, на 82,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,18 отсто, на 77,05 долари.