Доларот благо зајакнува, цената на нафтата стагнира

Hа валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо се зголеми, но сепак не е далеку од најниското ниво во последните четири месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,90 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,59 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 147,60 на 147,20 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0840 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0835 долари.

Цените на нафтата, сепак, стагнираат, по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,06 отсто, на 69,35 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,02 отсто, на 66,05 долари.