Доларот на најниско ниво во последните три години

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути нагло падна по нападот на Трамп врз Пауел.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 98,45 поени, а вчера во еден момент, за прв пат од март 2022 година, се спушти под нивото од 98 поени.

Утрово курсот на САД во однос на јапонската валута се лизна за 0,51 отсто, на 140,15 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската за 0,19 отсто, па цената на еврото достигна 1,1535 долари.