Доларот на највисоко ниво во последниве 20 години

68

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително порасна и го достигна највисокото ниво во последните 20 години.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 105,29 поени, додека вчера во ова време беше 104,50 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 135,00 на 134,30 јени.

Но, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0415 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0485 долари.