Доларот нагло падна, еврото зајакна

181

На глобалните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инфлацијата во САД се намалува, па се очекува дека американската централна банка ќе го намали темпото на зголемување на каматните стапки. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, потона минатата недела за 1,6 отсто, на 102,20 поени, блиску до најниското ниво од јуни минатата година.

Истовремено, доларот ослабе за 1,7 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото скокна на 1,0830 долари, недалеку од највисокото ниво во последните девет месеци. Курсот на доларот во однос на јапонската валута потона, пак, за 3,2 отсто, на 127,85 јени. Вредноста на доларот нагло падна откако во четвртокот беше објавено дека инфлацијата во САД во декември се лизна на 6,5 отсто на годишна основа, од 7,1 отсто еден месец порано.