На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна, по извештајот за цените на производителите.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 102,60 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,08 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 147,15 на 146,50 јени.
Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0990 долари, додека вчера во ова време беше 1,0930 долари.
Цените на нафтата, пак, надоместија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово поскапе за 0,48 отсто, на 81,10 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,55 отсто, на 78,80 долари.