
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути нагло падна, по одлуките и пораките на ФЕД.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,62 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,82 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,40 на 141,80 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0895 долари, додека вчера во ова време беше 1,0795 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,36 отсто, на 74,55 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,23 отсто, на 69,65 долари.











