Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

Hа валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 99,55 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 99,70 поени. Истовремено, курсот на американската валута во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 142,60 на 142,65 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1365 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,1345 долари. Цените на нафтата, сепак, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 1,11 отсто, на 66,60 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 1,38 отсто, на 63,35 долари.