Доларот ослабе, цените на нафтата ги надоместуваат загубите

67

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути значително падна. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 101,53 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 101,92 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 130,50 на 129,20 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0920 долари, додека вчера во ова време беше 1,0890 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар е 86,33 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот е 80,598 долари.