Доларот ослабе, цените на нафтата паднаа

Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку падна, по растот од минатата недела.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, е околу 97,62 поени утрово, додека во петокот навечер беше 97,68 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 157,20 на 156,55 јени.

Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1835 долари, додека во петокот навечер беше 1,1815 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, продолжија да се лизгаат, откако минатата недела паднаа за повеќе од 2,5 проценти. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово падна за 0,98 проценти, на 67,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,99 проценти, на 62,95 долари.