Доларот ослабе, курсот на еврото над еден долар

63

Нa валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката на валути благо падна.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 109,59 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 109,70 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 143,05 на 143,25 јени.

Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.0005 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 0,9970 долари.