
Вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна и минатата недела, трет пат по ред, но курсевите не варираат многу бидејќи инвеститорите се претпазливи во пресрет на седниците на неколку од најголемите централни банки во светот .
Индексот на доларот минатата недела ослабе за благи 0,05 отсто, на 101,92 поени, што е блиску до најниското ниво од јуни минатата година.
Истовремено, доларот ослабе за 0,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото се искачи на 1,0865 долари, недалеку од највисокото ниво во последните девет месеци.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута зајакна, од друга страна, за 0,2 отсто, на 129,85 јени.
Курсeвите на тие валути не флуктуираа многу бидејќи инвеститорите се претпазливи пред состаноците на некои од најголемите централни банки во светот.
Инвеститорите сега го чекаат првиот состанок на ФЕД за оваа година. Со оглед на намалувањето на инфлациските притисоци во САД, се очекува дека ФЕД ќе биде помалку агресивен во затегнување на монетарната политика во иднина.











