Доларот ослабе, цената на нафтата благо порасна

22

На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,26 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,48 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 148,10 на 147,60 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0880 долари, додека вчера во ова време беше 1,0860 долари.

Иако не се очекуваат промени во монетарната политика, фокусот на инвеститорите ќе биде ставен на денешната средба на лидерите на Европската централна банка, бидејќи нивните пораки би можеле да разјаснат кога може да се очекува почетокот на циклусот за намалување на каматните стапки.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,47 отсто, на 80,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,57 отсто, на 75,50 долари.