Доларот ослабе, цената на нафтата падна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна, по минатонеделниот раст од 0,8 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава ослабе за 0,07 отсто, 103,19 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 148,15 јени, колку што беше во петокот вечерта, на 148,05 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото порасна од 1,0898 на 1,0905 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа, по минатонеделниот благ пораст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,51 отсто, на 78,15 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,34 отсто, на 73,15 долари.