
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,82 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,99 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,60 на 145,40 јени.
Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0795 долари, додека вчера во ова време беше 1,0770 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се лизна за 0,10 отсто, на 73,15 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,07 отсто, на 68,60 долари.











