Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

28

На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 105,66 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,95 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 161,55 на 161,50 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0750 долари, додека вчера во ова време беше 1,0735 долари.

Цените на нафтата, пак, ги надоместија вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,50 отсто, на 86,65 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,47 отсто, на 83,20 долари.