На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,32 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,39 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 157,50 на 157,35 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0895 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0880 долари.
Цените на нафтата, пак, пораснаа, откако минатата недела паднаа за повеќе од 2,5 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,50 отсто, на 83,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,51 отсто, на 80,55 долари.