Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката со валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 106,35 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,60 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,75 на 149,85 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0575 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0540 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа, па втора недела по ред се на пат кон добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,93 отсто, на 93,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,25 отсто, на 90,50 долари.