Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути дополнително падна, откако минатата недела се лизна за 1,3 отсто. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се лизна за 0,05 отсто, на 102,57 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,2 отсто, на 142,40 јени. Но, американската валута ослабе во однос на европската за 0,1 отсто, па цената на еврото достигна 1,0905 долари.

Цените на нафтата, пак, дополнително се зголемија, откако минатата недела благо зајакнаа за прв пат по седум недели пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,61 отсто, на 77,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,67 отсто, на 71,90 долари.