Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

20

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката на валути дополнително падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,50 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,57 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 142,40 на 143,75 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0920 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0905 долари.

Цените на нафтата, пак, дополнително се зголемуваат, втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,22 отсто, на 78,15 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,05 отсто, на 72,50 долари.