Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо се лизна од највисокото ниво за еден месец. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,25 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,30 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 147,15 на 147,90 јени. Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0895 долари, додека вчера во ова време беше 1,0875 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,28 отсто, на 78,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,59 отсто, на 72,95 долари.