Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

27

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,00 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,14 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 147,85 на 148,55 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0780 долари, додека вчера во ова време беше 1,0760 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,28 отсто, на 79,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,26 отсто, на 74,05 долари.