
На валутните пазари, падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 102,77 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,90 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 147,40 на 147,70 јени.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0950 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0925 долари.
Цените на нафтата, пак, стагнираат, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,02 отсто, на 84,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 79,70 долари.











