Доларот ослабе, цената на нафтата стагнира

71

На валутните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути дополнително падна, откако минатата недела се лизна за 0,1 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 101,02 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 101,11 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 140,85 јени, колку што беше на затворањето на пазарот во петокот.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1085 долари, додека во петокот вечерта беше 1,1075 долари.

Цените на нафтата, пак, стагнираат, по благиот пораст минатата недела. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се намали за 0,11 отсто, на 71,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,04 отсто, на 68,65 долари.