Доларот ослабна, цените на нафтата под 90 долари

93

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 106,29 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,35 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 138,45 на 138,65 јени.

Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0375 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0355 долари.

Цените на нафтата пораснаа, откако вчера се лизнаа блиску до најниските нивоа во годината. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се тргува за 84,14 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот изнесува 78,75 долари, според oilprice.com.