Доларот ослабна втор ден по ред, цената на нафтата падна

78

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна втор ден по ред.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,15 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,60 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута зајакна од вчерашните 131,50 на 131,70 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото се искачи на 1,0740 долари, додека на затворањето на пазарот во петокот беше 1,0675 долари.

Цените на нафтата загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 0,56 отсто, на 79,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,50 отсто, на 74,25 долари.