Доларот оваа година ослабе за повеќе од два отсто

32

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна и со тоа се оддалечи од најниското ниво во последните пет месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 101,18 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 100,80 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 141,50 на 141,45 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1075 долари, додека вчера во ова време беше 1,1115 долари.

Индексот на доларот е на пат за загуба оваа година од околу 2,2 отсто, откако силно порасна во претходните две години, благодарение на агресивното зголемување на каматните стапки на ФЕД.

Во однос на еврото, доларот годинава ослабе за околу 3 отсто.