Доларот падна од 10-месечен максимум, еврото закрепнува

Американскиот долар се повлече од 10-месечен максимум во однос на кошничката валути во петокот, последниот трговски ден од кварталот.

Еврото продолжи да расте, дополнително закрепнувајќи од јануарскиот минимум од 1,0482 долари, додека инвеститорите ги следеа податоците за инфлацијата во еврозоната, пренесува Инвеститор.

Индексот на доларот, кој ја следи валутата во однос на шест други главни валути, се повлече за околу 0,1% на 106,02. И покрај ова, американската валута остана во нагорен тренд втор месец по ред.

Пазарите чекаат нови важни податоци, почнувајќи од клучните податоци за личните трошоци на САД кои треба да се достават подоцна во петок.

Недостатокот на податоци може да создаде „вакуум на несигурност“ бидејќи Федералните резерви се обидуваат да утврдат дали е потребно уште едно зголемување на каматните стапки оваа година, рече Тони Сајкамор, пазарен аналитичар во IG, според Ројтерс.

„Кога имаме централни банки кои зависат од податоци… и тие не можат да ги добијат тие податоци навремено, мислам дека тоа создава уште една причина да се префрлиме на маргина во некои од овие класи на средства“, додаде тој.