Доларот „падна“ под 60 рубљи на Московската берза

89

Рубљата денеска продолжи да расте во однос на доларот на Московската берза, при што американската валута падна под нивото од 60 рубљи за прв пат од април 2018 година.

Во тргувањето утрово по средноевропско време, рубљата зајакна за повеќе од 3,0 отсто на 59,81 рубљи за долар, пренесе Ројтерс.

Рубљата досега оваа година зајакна за повеќе од 24 отсто и покрај економската криза, станувајќи најуспешна светска валута во однос на перформансите на пазарот.